Промоција на водичот „Дигиталниот свет на генерација алфа“ на 25 април

Во хотелот „Александар Палас“ на 25 април (вторник) од 17 часот ќе се одржи промоцијата на „Дигиталниот свет на генерација алфа – Водич за медиумска писменост за родители и старатели на деца од 5 до 10 години“.

На промоцијата присутните ќе имаат можност да ги слушнат излагањата на авторките на водичот: Тамара Ќупева, Ирена Христовска и Ана Попризова, кои одблиску ќе ја доближат содржината на самиот водич. Дискусијата ќе ја води Марија Атанасовска.

Водичот и промотивниот настан се реализираат во рамки на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“, спроведен од ИРЕКС во партнерска соработка со МОФ.

Радио МОФ веќе правеше подкаст со авторките на документот, кои објаснија дека генерацијата Алфа се децата родени по 2010 година, но она што ги разликува од другите е дека се првата вистинска генерација на деца од 21 век која е родена во целосно дигитално опкружување, а токму технологијата со која се опкружени прави да размислуваат поинаку од другите генерации.

[Подкаст]: Генерацијата Алфа со еден клик го освојува светот