Промоција на стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска

На 5 април со почеток во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе биде претставен стрипот „Скрши што судбината гради“ од Гаја Смилевска.

Промоцијата ќе биде во вид на разговор на авторот со визуелните уметници Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш.

Стрипот „Скрши што судбината гради“ во издание на издавачката куќа „Флип Бук Букс“ црпи инспирација од историски настани од средновековието и Византиската империја која владеела на овие простори, се посочува во најавата за настанот.

„Авторот преку ликовите ја тематизира релацијата на младите луѓе со домот градејќи возбудлива имагинарна авантура што на делото му дава посебност својствена за историографската метафикција“, се додава во најавата.

По разговорот следи покана за танц со музичкиот избор на Јовановиќ и Лукаш.