Отворен конкурсот за годишната стрип награда „ЛИФТ“

Издавачката куќа Темплум годинава, 2021, по четврти пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. „Лифт“, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција.

„Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум. Втора важна цел е да придонесеме за развојот на македонската културна сцена и во поширока смисла, промовирајќи нови креативни актери, нови културни настани, поинакви пристапи и стилови на полето на културата – со што сакаме да придонесеме за плурализацијата и шаренилото на овдешниот недоволно развиен културен простор“, посочуваат организаторите.

Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, до 16 табли (или страници), односно, може да се испраќаат стрипови од една или две страници, но не повеќе од 16.

Наградниот фонд изнесува 500 евра, но во книги и стрипови. Фондот со свои изданија го обезбедија Темплум  и Бункер.

Предвидени се три награди: од 250, 150 и 100 евра. Најдобро оценетите автор(к)и за таа сума ќе добијат изданија, по сопствен избор, на книгоиздателството Темплум и на издавачот на стрипови Бункер.

Организаторите најавуваат дека ќе се потрудат да организираат и изложба и објава во публикација на најдобро оценетите дела.

Повеќе детали на следниов ЛИНК.