Промоција на новиот албум на Страјк – „Низ мојот живот“

На 18 мај (сабота) во Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на новиот албум на македонскиот хип-хоп изведувач Страјк, со почеток во 21 часот.

Албумот насловен „Низ мојот живот“ е трет соло албум на Страјк, по досегашните „Кутија“ од 2011 година и „Земен рај“ во 2015.

Страјк започнува со снимање во 97-ма година како еден од основачите на Легијата, и еден од првите артисти што соработуваа со „Шурикен Рекордс”. Во 2001-ва заедно со Блажеј ја формираат групата СТР2 – насловена по графитите на Страјк, кратенка за „Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност”. Нивниот албум „Не заборавај“ беше издаден во јули 2007. Неговиот прв соло студиски албум „Кутија“,пак, доби позитивни оценки од музичката критика и хип-хоп публиката, а во 2015 го продолжи овој успех и со вториот албум „Земен рај“ продуциран од Диџеј Гоце, како и со бројните соработки со артисти од Легијата.

[Галерија] Концертот на Страјк во МКЦ – Сурово искрен со првокласен андерграунд хип-хоп