[Галерија] Концертот на Страјк во МКЦ – Сурово искрен со првокласен андерграунд хип-хоп

Позитивните реакции се уште не стивнуваат од синоќешниот концерт на Страјк, кој беше дел од офф програмата на годинешното издание на „Таксират“. „Искина“, „растури“…. се само мал дел од коментарите на социјалните мрежи.

Концертот најавен како „сурово искрен“ и „првокласнен андерграунд хип-хоп“, потврди дека ги заслужува овие епитети. Бројните фанови и почитувачи на делото на Страјк во заеднички ритам ги прославија неговите остварувања, а ги има многу.

Страјк започнува со снимање во 97-ма година како еден од основачите на Легијата, и еден од првите артисти што соработуваа со „Шурикен Рекордс”. Во 2001-ва заедно со Блажеј ја формираат групата СТР2 – насловена по графитите на Страјк, кратенка за „Стриктно Тврди Рими/Сон-Темнина/Реалност”. Нивниот албум „Не заборавај“ беше издаден во јули 2007. Неговиот прв соло студиски албум „Кутија“,пак, доби позитивни оценки од музичката критика и хип-хоп публиката, а во 2015 го продолжи овој успех и со вториот албум „Земен рај“ продуциран од Диџеј Гоце, како и со бројните соработки со артисти од Легијата.

Во продолжение, погледнете ја атмосферата од самостојниот концерт на Страјк.