Промоција на монографијата за скулпторката Анета Светиева

Монографијата посветена на животот и творештвото на скулпторката Анета Светиева ќе биде промовирана во петок (19 мај) во 12 часот во Даут пашиниот амам.

„Во 60-тите години, скулптурата на Светиева подразбира анатомски истражувања, со понагласен експресивен гест и меко моделирање со прсти, во 70-тите ја надградува и усовршува формата, за да во 80-тите го пречистува и смирува обликот ставајќи го акцентот на слоевитоста на духовната енергија, напластена во формата, додека надворешната епидерма станува прегнантна мембрана што го обвиткува вкочанетиот и достоинствен облик – оди кон замрзнување на формата. Во своите први настапи во седумдесетите години, кога сè уште е присутен плуралистички приод кон делото, направи помак кон една прочистена уметничка поларизација, непослушно се одметна од академските стереотипи и влезе во зоната која го означи ликот и духот на нејзината скулптура, која критиката ја дефинира како дела со јасен концептуален и изведувачки проседе, вон од тогашните вообичаени јазички модели“, пишува за монографијата.

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Небојша Вилиќ.