Промоција на книгата „Тежината на вториот чекор“ од Ѓоре Ѓелев

Книгата „Тежината на вториот чекор“ од Ѓоре Ѓелев ќе биде промовирана во вторник (9 мај) со почеток во 19:19 часот во Културно информативниот центар – Скопје.

Промотор ќе биде Игор Радев, а стихови ќе чита Ели Клинчаревска – Младновска.

„Книгата е на солидно естетско ниво, а авторот е од помладата генерација автори, автор во подем“, се вели во најавата за промоцијата.

Ѓоре Ѓелев е дипломиран инженер по системски софтвер и работи во индустријата за развој на софтвер. Ги сака пишаниот збор и уметноста. Во слободно време пишува поезија, планинари, слика и вежба кинеска калиграфија. Автор е на стихозбирката „Лиричност од Шекспирова“.