Промоција на книгата „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика” од Ана Мартиновска

Промоцијата на книгата „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“ ќе се одржи вечерва во КИЦ, со почеток од 19 часот. Книгата ќе ја промовираат Лорета Георгиевска Јаковлева и Мишел Павловски, а извадоци од книгата ќе чита Предраг Павловски.

Во книгата ќе бидат презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици, со исцрпен предговор на проф. д-р Ана Мартиноскa. Книгата е значаен придонес во македонската фолклористика и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната традиција.

Мартиноска ги има објавено книгите „Поетиката на македонските народни гатанки”,„Голиот на гости – Антологија на македонскиот еротски фолклор”, но и други.

Членка е и на Друштвото на писатели на Македонија, Здружението за компаративна книжевност на Македонија и на Меѓународната Асоцијација за компаративна литература. Во моментов е Претседателка е на Научниот совет на Институтот за македонска литература.

Ана Мартиноска (Скопје, 1972) е професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми, феминистка и активистка за родова рамноправност.