Студентска трибина СМП 2021: Тамара Јолевска-Попов и Ивана Балабанова

Во рамките на „Студентска музичка пролет 2021“ во вторник (13 април) од 11 часот ќе се одржи студентската трибина на која ќе гостуваат Тамара Јолевска-Попов и Ивана Балабанова.

„Ќе зборуваме за музика и книжевност и за збирката раскази Г-дур на Јолевска-Попов и за танцот како ангажирана уметност и танцовиот перформанс Тишина на Балабанова и неговата порака против насилството врз жените“, се вели во најавата за онлајн настанот.

Тамара Јолевска Попов е родена на 30 март 1987 година во Скопје. Средното образование го завршува во уметничкиот колеџ „Бромсгроув“ во Бирмингем, Велика Британија. Дипломирала англиски и шпански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирала англиски јазик на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје.

Долги години е присутна и како танчарка на независната уметничка сцена. Автор е на збирката раскази „Ге-дур“ (2013, ИЛИИЛИ), а и на неколку необјавени драмски текстови. Работела како уредник во издавачки куќи, професор по англиски јазик во приватни училишта во Скопје, а во моментов е лектор на Универзитетот Американ Коле Скопје и докторанд на англо-американска литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје под менторство на проф. Соња Витанова-Стрезова.

Ивана Балабанова е танчарка, кореграфка, основачка и сопственичка на Битрикс школата за танц. Таа е 27 кратен меѓународен првак во соло-категорија, а со своите групи била шампион на голем број државни, регионални и европски натпревари.

Таа е креаторка на Битрикс Културно – уметнички Центар и Битрикс Танцова лига и на бројни проекти и претстави. Во 2018 година работи како кореограф на аудиовизуелниот перформанс „Тишина“ кој зборува за семејното насилство. Активно работи на општествено ангажирање на современиот танц

Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата Вебекс. Регистрација ТУКА

Инаку, четвртото издание на „Студентската музичка пролет“ годинава е биде со скратена програма, но организаторите ја опишуваат како квалитетна и инспиративна. Оваа интердициплинарна манифестација се одржува од од 12 до 23 април по мотото „Време е за култура на универзитетите!“.