Проекција на „Rick and Morty“ и изложба на мемиња во „Дуња“

Социјалниот центар „Дуња“  на 7 март продолжуваат со промоцијата на култни серии, но овојпат фокусот го даваат на анимирана серија од поблиското минато.

„’Rick and Morty’“ е серија совмесна со духот на современото време каде е тотално загубена смислата на постоење, таа има големи алузии на нихилизмот и егзистенцијализмот. Токму и тоа ќе биде инспирацијата доколку сакаме да поразговараме за филозофијата позади серијата“, стои во повикот за проекцијата.

Рик и Морти е наше огледало, ги сакаме бидејќи во нив ја гледаме нашата сопствена егзистенција и бесмисленост во светот на науката, технологијата и масовните медиуми, велат организаторите на настанот.

Почеток на проекцијата ќе биде во 19 часот во „Дуња“, а после неа следува и изложба со мемиња од серијата.