Проекцијa на кратките документарци „Престап“ и „Ќе те носам покрај брегот“

Утре во Кино Култура е најавена проекцијa на кратките документарни филмови „Престап“ и „Ќе те носам покрај брегот“, по што ќе следи отворена дискусија.

„Престап“ на Весна Ристовска, Ѓорги Пулевски и Симон С. е еден вид на видео архивирање на институциите во Битола кои имаат или немаат обезбедено пристап за лицата со попреченост. Паралелно со кадрите од институциите, е интервјуирано лице кое 35 години се занимава со оваа проблематика, докторот Нико Јанков.

„Ќе те носам покрај брегот“ е документарен словенски филм, приказна за еден посебен пар, со попречености. Нина има целебрална парализа, која што ги грчи нејзините мускули, па е во инвалидска количка, а Домен доживеал тешка сообраќајна несреќа пред осумнаесет години, која го „обележува“ до крајот на животот. И двајцата поради нивните физички ограничувања знаат како е да си различен во очите на другите.
Филмот навлегува во интимата и врската на парот, со акцент на нивниот одмор на море, кога тие се првпат сами, првпат на море и првпат како и „сите други“, т.е. како останатите „нормални“ двојки.

По филмовите следи дискусија со активистот Благој Ѓоргиев, модерирана од Ѓорги Пулевски.

Проекциите почнуваат во 20 часот.