Проекција на филмот „Денес“ во Кинотека на Македонија  

Филмот „Денес“ на режисерот Ален Гоми ќе биде прикажан на 28 март (среда) од 20 часот во Кинотека на Македонија.

Проекцијата е во соработка на Кинотека со Францускиот институт во Скопје, а во скоп на Франкофонскиот кино-клуб.

Во филмот играат Саул Вилијамс, Ајса Мајга и Анисија Изејман. „Денес“ е добитник е на бројни награди, и е наречен „вистинска нежна ода на животот“.

„Дакар, близок и бучен град, полн со бои… И семејството, и неговата прва љубов, првите искуства и желби се таму…  Денес Саче треба да умре. Така одлучија.  Денес Саче живее како никогаш досега“, стои во најавата за „Денес“.