Продолжение на „Дневникот на лудиот“ во „Дуња“ од 1 до 3 октомври

Во Социјалниот центар „Дуња“, во првите три дена од октомври (1-3), ќе се се случат три премиери на продолжението на „Дневникот на лудиот“, овојпат со додаден наслов – „Човекојадство“, според делото на кинескиот писател Лу Син.

„Потребна ни е потреба од промена кон подобро, луѓето ако сакаат и настојуваат можат да се променат, потребен е еден чекор да се направи, еден праг, една препрека… и сите мирно ќе си живеат. HOMO HOMINI LUPUS EST!“ “, се вели во најавата за „Дневникот на лудиот 2“.

Претставите ќе бидат изведени според сите протоколи за настан во затворен простор. Заради таа причина и суштината на претставата, бројот на публика е строго ограничен, а претставата е за возраст од +18 години.

Цена на влезница: 200 денари

Резервации на фб страната Театар „Златен Елец“ или на dnevnikotnaludiot@gmail.com.
Пред почеток на претставата се добива и влезницата по веќе направената резервација.

Повеќе инфо – ТУКА.

[Подкаст] Карантин, адаптација и интернет – Култура во пандемија