Проблеми со онлајн наставата – ученици не можеле да пристапат до „Тимс“, МОН демантира

Ученици од повеќе основни и средни училишта во Скопје денеска се обидувале да се поврзат на апликацијата „Тимс“ за да следат онлајн настава, но безуспешно. Тие не можеле да пристапат до корисничките сметки, и добивале пораки дека лозинките им се невалидни, и од нив се барало да формираат нова сметка и да испратат допис до МОН, јавува 360 степени.

Директори и наставници од основни и средни училишта во Скопје пак, добиле пораки од администраторите од МОН дека има проблем со лиценците за „Тимс“, иако официјален допис од МОН не добиле. Од Министерството пак, демантираат и велат дека апликацијата „Тимс“ функционира, наведува 360 степени.

Ваквиот начин на онлајн настава кој беше актуелен за време на пандемијата повторно почна да се практикува, откако пред неколку дена МОН даде насоки наставата да се префрли онлајн, во деновите кога ќе се пријават дојави за бомби. Заканите со бомби продолжија, па така, и денеска  денеска продолжија заканите за бомби, па така, 31 училиште во главниот град се пријавени дојави за бомби.