Премиера на претставата „ЛЕРИН полиња жито, ридишта крв“ во режија на Слободан Унковски во кино Култура

Во сабота (26 ноември), со почеток во 20:00 часот, во кино Култура ќе се одржи премиерата на претставaта „ЛЕРИН полиња жито, ридишта крв“ од Русомир Богдановски, а во режија на Слободан Унковски.

Во неа играат  Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин  Манев, Горан  Ников и Владимир  Петровиќ. Музиката е на Златко Ориѓански, костимограф е Розе Трајческа Ристовска.

Претставата е во продукција на кино Култура и Театар на Навигаторот Цветко.

Таа претставува продолжение на трилогијата СОЛУН, ЛЕРИН, СКОПЈЕ, која ги обработува настаните од граѓанската војна во Грција, положбата на македонското население и теророт на кој е изложено, битка за Лерин и падот на Демократската армија на Грција во која значајна ролја имале македонците.

Низ серија од сцени и сведочења се отвараат значајни прашања за нашата историја, за улогата на комунистичката партија на Грција во обидот за решавање на македонското национално прашање и за последиците што ги предизвикува до денес за нас овде, поразот на демократска Грција во судир со монархофашизмот.

Претставата е реализирана со финансиска поддршка на Кино Култура, Општина Центар, анонимни донатори и  Министерство за култура на Република Македонија.