„Преку разгледница до инклузија“ – „Порака Нова“ со конкурс за фотографии од Охрид и Струга

Организацијата „Порака Нова“ од Струга отвори фото конкурс на тема „Преку разгледница до инклузија“.

Тие ги повикуваат сите фотографи, аматери или професионалци да учествуваат на конкурсот со кој ќе придонесат да се овековечат безременските пејсажи и културното наследство на Охрид и Струга и целиот регион заштитен од УНЕСКО.

Истовремено, тие велат дека со нивните дела, фотографите ќе допринесат во една позитивна мисија, бидејќи продажбата на разгледниците ќе биде извршена од лица со попреченост, која ќе им помогне во нивниот самостоен живот, самовработување и социјализација.

„Секој, буквално секој, аматер или професионалец кој веќе има фотографии на оваа тема, или пак ќе се мотивира да направи нови до крајниот рок на апликација може да се пријави. Конкурсот нема рестрикција од аспект на години, пол, националност, попреченост, итн.“, велат од „Порака Нова“.

Најдобрите 15 фотографии, како што наведуваат тие, ќе бидат избрани за да се испечатат во форма на разгледници, а авторите на истите ќе добиваат 10% од секоја продадена разгледница и ќе бидат исплаќани на месечно ниво.

Краен рок за аплицирање 15 мај, а победниците ќе бидат прогласени на 25 мај.

Повеќе информации се достапни на следниов ЛИНК.