Во недела, 21 март, од 20 часот младинската организација ГРИТ организира онлајн рецитација во чест на Меѓународниот ден на поезијата.
„Млади креативци, ученици, студенти, литерати… ајде заедно да го одбележиме денот! На ова заедничко дружење, ќе се запознаеме и ќе ви ја претставиме младинската организација ГРИТ, ќе читаме своја, авторска поезија, но исто така и стихови од најпознатите македонски автори. Добредојдени се сите креативци, кои го сакаат убавиот, пишан збор“, велат организаторите.
Од ГРИТ најавуваат интересна програма, а сите заинтересирани кои пишуваат поезија, доколку не се чувствуваат удобно да ја прочитаат сами, можат да ја испратат и некој од тимот на организацијата ќе ја прочита.
Заинтересираните можат да се пријават преку порака на фејсбук страницата на ГРИТ.
Повеќе информации за настанот може да најдете ТУКА.