Повик за HMC стипендии за средношколци

Непрофитната невладина организација HMC Projects in Central and Eastern Еurope (Headmasters’ and Headmistresses’ Conference) објави повик за стипендии за средношколци. Организацијата е составена од поранешни и сегашни директори како и професори од познатите приватни интернати во Велика Британија, а скоро 30 години доделува стипендии на ученици од 15 земји од централна и источна Европа, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

„Главна цел на HMC е да стипендира одлични ученици кои се амбициозни, комуникативни, лесно се специјализираат и се кратко речено многу способни, талентирани ученици кои сакаат да напредуваат и да вложуваат во своето образование“, се вели во повикот.

Односно, објаснуваат од таму, НМС доделува полни стипендии на интернаципнални ученици кои потекнуваат од семејства чии нето-приходи од родителите (старателите) не надминуваат 30.000 британски фунти на годишнп ниво. НМС, во соработка со Sixth Form училиштата, посредува за добивање и на т.н. редуцирани стипендии.

„Учениците кои ќе бидат превземени на Sixth Form студии можат да изберат една од двете студиски прпграми; A-level или IB (медународна матура). Над 90 интернацинарни ученици, во повеќе од 60 интернати во Обединетото Кралство, следат две-годишна Sixth Form настава за да се стекнат со една од претознатливите медународни квалификации; А-level диплома, International Baccalaureate (IB) диплома или Scottish Higher диплома“, стои во повикот.

Целосната стипендија опфаќа школарина за трета и четврта година (Year 12 and Year 13).

„Колку за споредба, за една учебна година, школарината во Sixth Form приватните интернати изнесува помеѓу 35 и 45.000 британски фунти. Стипендијата ги покрива сите трошоци за сместување (во boarding houses), исхрана, учебници и се што му е потребно на ученикот за време на учебната гпдина“, соопштува НМС.

Повеќе за целиот повик и условите на веб страницата: edu-link.mk