Повеќе основци, помалку средношколци минатата учебна година

На крајот на минатата учебна година (2016/2017) во редовните основни училишта имало 190. 225 ученици, што е зголемување за 2.8 проценти во однос на претходната 2015/2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Минатата учебна година статистиката забележала дека има едно редовно основно училиште повеќе од претходната година, или вкупно  991, а се бележи зголемување и на бројот на наставници за 144, од 17 791 во учебната 2015/2016, на 17 935 минатата учебна година.

Во редовните средни училишта, пак, на крајот на минатата учебна година имало 72.482 ученици, што е намалување за 6.6 отсто во споредба со претходната, 2015/2016 учебна година. Притоа, во овој период бројот на редовни средни училишта се зголемил од 121 на 131 лани, а бројот на наставници пораснал за 244 вработени, од 7 289 преклани на 7 533 ланската учебна година.