Повеќе од 10 филмови на годинешното издание на Фестивалот на етнографски филм – ЕТНОФФ

Осмото издание на меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ ќе се одржи во недела (25 септември) во Кинотеката на Северна Македонија.

Организаторите најавуваат богата програма составена од 14 етнографски филмови од Непал, Таџикистан Исланд, Португалија и други земји.

„На овој фестивал ќе можат да се видат филмови кои зборуваат за „Хималајското злато“, печурка која вирее и се бере во најоддалечените Непалски Хималаи, зошто близнаците се симбол за несреќа во Мадагаскар и која е општествената „казна“ за тоа, приказ на занаетчиството преку рацете и работата на повозрасен пар на хрватските острови, но и домашни, локални приказни преточени во визуелен приказ“, се вели во најавата.

Фестивалскиот ден ќе биде поделен на два филмски блока, едниот со почеток во 12 часот, а другиот со почеток во 16:30 часот. По завршувањето на проекциите, со почеток од 20:30 часот фестивалот ќе биде затворен со музичка програма со настап на групата Чалгии Мерак.

Во првиот дел од програмата ќе бидат прикажани филмовите:

  • „Половина елф“ од Јон Бјарки Магнусон (Исланд)
  • „Сафарнома: Белешки за патот на наследството од Шарофат Арабова (Таџикистан)
  • „Место наречено Вахала“ од  Јирген Елингхаус (Германија · Того · Франција

Во рамки на вториот дел ќе следуваат проекции на:

  • „Живеење со фотографии“ од Олена Мартинчук (Украина)
  • „Десет по десет“ од Џејми Л. Бенет (Англија)
  • „Сега доаѓа вечерта“ од Маја Новаковиќ (Босна и Херцеговина)
  • „Печурка на врвот на светот“ од Матјаз Пинтер (Непал)
  • „Камбана“ од Самуел Пастор (Шпанија)
  • „Полицајци, разбојници и старци“од Инес Бонхорст и Јури Пиронди (Португалија)
  • „Нашите раце“ од Аида Видан (САД · Хрватска)
  • „Наследство“ од Христијан Џогов (Македонија)

Влезот на фестивалот е бесплатен.