Посвои мерна станица за мерење на квалитет на воздух

Креаторот на Горјан Јовановски од „Мој Воздух“ ја објави акцијата за „посвојување“ на мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот. Потребни се волонтери кои би „посвоиле“ мерна станица и би ја инсталирале во свој објект – куќа, стан или канцеларија.

„Дечки и девојки од Скопје, во процес сме на добивање донација од најмалку 32 нискобуџетни станици за следење аерозагадување од неколку граѓани и фирми! Со ова ќе може да го покриеме Скопје со станици, посебно во делови каде што нема податоци“, вели Јовановски.

Тој дополнува дека потребни се волонтери во чиј објект ќе може да се постават станици.

„Станиците се мали, се поставуваат ПВЦ цевка и имаат потреба од струја и стабилна WiFi мрежа. Локацијата треба да е на приземје или 1/2 кат најмногу, не погоре. Доколку имате можност да ‘посвоите’ ваква станица, потребни ни се вашите податоци, како и податоците за локацијата“, се вели во повикот.

Сите заинтересирани може да се пријават преку формуларот за учество.

Од „Мој Воздух“ истакнуваат дека со „посвојувањето“ на мерни станици, граѓаните може да помогнат со лоцирање на изворите на загадување, како и да дознаат што точно дишат.

„Штом не може да добиеме дозвола од институциите преку Градот да ги поставиме овие станици, тогаш ќе го направиме тоа волонтерски“, порачуваат од таму.