КИЦ објави повик за волонтери за „Звуците за чаршијата“

Културно информативен центар (КИЦ) – Скопје објави повик за волонтери за манифестацијата „Звуците на чаршијата“, која под мотото „Звукот на Скопје“ ќе се одржи на 16 и 17 септември 2022 година на различни локации во Скопје.

„Волонтерите со работа на овoј проект ќе стекнат искуство на работа во градска културна установа/културен центар, на фестивал каде ќе се стекнат со организациски вештини, ќе се здобијат со нови пријателства, а дел од нив можеби и професионално ќе се насочат во браншата на културниот менаџмент“, пишува во повикот.

Заинтересираните може да се пријават со кратка биографија и опис за нивните интереси кои треба да се испратат на е-адресата: info@kic.mk, најдоцна до 15 август 2022.