Град Скопје отвори повик за поставување урбана опрема на 28 локации во Градски парк

Градските власти на Скопје отворија повик за 28 локации во Градскиот парк за сите правни лица заинтересирани за поставување урбана опрема во вид на подвижни објекти, подвижни апарати и други подвижни направи за продажба на сладолед и пијалоци, подготовка на пуканки, шеќерна волна, крофни, палачинки и други слични производи.

„На заинтересираните субјекти кои ги исполнуваат условите ќе им биде одобрено користење на локација за поставување на  подвижните објекти согласно принципот прв дојден, прв услужен. Рокот за поднесување на пријавите е 10 дена од денот на објавување на јавниот повик во дневните весници“, стои во повикот, за кој пишува дека е отворен на до 7 март.

Барањето, изјавата  и графички приказ на локациите може да се подигне во Архивата на Град Скопје и барака број 11, канцеларија број 1, бул. Илинден бр. 82, 1000 Скопје.

„Барањата со целокупната документација, треба да се достават, преку архивата на Град Скопје, до Сектор за комунални работи, со назнака за Јавен Повик за утврдување на начинот, условите и постапката за користење на локации за поставување на урбана опрема во Градски парк во Скопје“, стои во повикот.