Популарниот ТВ готвач и патописец Ентони Бордејн се самоубил на 61 година

Познатиот ТВ готвач Ентони Бордејн починал на 61 година, пренесе СНН.

Телевизиската мрежа, каде Бордејн го имаше своето кулинарско патеписно шоу „Непознати краеви“ (Parts Unknown), ја потврди смртта, додавајќи дека причната била самоубиство.

Бордејн бил во Франција и работел на следната епизода од неговата наградувана ТВ серија за СНН. Неговиот пријател Ерик Риперт, француски готвач, го пронашол Бордејн во неговата хотелска соба без знаци на живот.

„Со огромна жал, можеме да ја потвдиме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн. Неговата љубов за голема авантура, нови пријателства, убава храна и пијалок и незаборавните приказни од светот го правеа уникатен раскажувач. Неговите таленти не престануваа да не воодушевуваат и многу ќе ни недостига. Сочуствуваме со неговата ќерка и семејството во овој тежок период“, соопштија од телевизиската мрежа.

Бордејн беше еден од најпознатите телевизиски лица во областа на кулинарството и автор на повеќе книги.