Државниот завод објави нов пакет податоци од Пописот 2021 година во која се опфатени статистички бројки за образовните и економските карактеристики на населението во Северна Македонија.
Во споредба со Пописот од 2002 година сега македонските граѓани се пописмени, имаат повисоко ниво на образование, а значително е опаднат и бројот на невработени лица. Сепак и понатаму половина милион луѓе немаат завршено ниту средно образование.
Новина на последниот Попис беше тоа што граѓаните беа прашувани и за видот на превоз кој го користат до работното место. Податоците покажуваат дека автомобилите се најатрактивни и нив ги користат речиси 220 илјади граѓани како начин да стигнат до работа. Од другата страна, возот е најмалку атрактивен за превоз до работното место и него го користат само 341 лице во земјава.
Дел од последните податоци на од Пописот 2021 може да погледнете на следниов инфографик:
Даниел Евросимоски
 
						 
								 
               
				![Попис 2021: Македонските граѓани на работа најчесто одат со автомобил, а најретко со воз [Инфографик]](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2022/01/Скопје4-сообраќај-702x336.jpg) 
					
										
								
											
						


