Политичката сатира на хрватските гласачи – Чак Норис за претседател

Илјадници Хрвати вчера преку гласање за претседател го искажаа своето незадоволство за државната политика оштетувајќи ги гласачките ливчиња преку давање поддршка за Јода, Чак Норис и Ангела Меркел, пренесува Балкан Инсајт.

Околу 1,6 проценти од вкупниот број гласачките ливчиња за избор на претседател во Хрватска беа прогласасени како невалидни. Овој феномен не е ништо ново за хрватските гласачи, но е значително пораснат со развојот на паметните телефони и социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер.

На некои од ливчињата биле напишани погрдни зборови и биле напишани социјални песни. На други пак, биле додавани замислени кандидати како Ангела Меркел, Владимир Путин, Чак Норис, Лејди Гага, Дарт Вејдер и Јода од „Војна на ѕвездите“.