[Подкаст] Што е муабетот со блокадата на Собранието?

Илјадници амандмани поднесени од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, буквално ја блокираа работата на македонското Собрание, среде пандемија, кога треба да се донесат новите пакети државна економска помош за компаниите, и за граѓаните. Ваквиот чекор доаѓа откако нивните предлог измени во Законот за државјанство, претходно не наидоа на поддршка.

Со измените им се овозможува на државјаните од поранешните југословенски републики кои живееле во Македонија до нејзината независност, да добијат државјанство само со изјави од тројца сведоци или со изјава од сведок кој во тој период бил жител или сѐ уште е жител во местото каде живеело лицето.

Што значи блокадата и како може да се надмине? На овие но и на други прашања разговараме со Марко Трошановски од Институтот за демократија Социетас Цивилис.