Почна создавањето на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата

На иницијатива на Фондот за иновации и технолошки развој вчера се состана работната група чија цел е креирање на првата Национална стратегија за вештачка интелигенција во државата.

Според директорот на Фондот, Коста Петров, вештачката интелигенција ќе биде во фокусот на нивното работење во следниот период.

„Неодамна заврши и првиот јавен повик на ФИТР за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, а за следната година веќе е во план и креирање на посебен инструмент за поддршка на стартап компаниите кои работат со вештачка интелигенција во земјава“, најави Петров.

На стратегијата ќе работат: Татјана Митевска (Аспиегел СЕ), Бисерка Шемовска (Менаџер за развој на бизнис и раководител на Академијата за вештачка интелигенција, Семос Едукација), Илија Лалковски (Веб Фактори), Јасмина Мајстороска (Министерство за економија), Никица Кусиникова и Виктор Мирчевски (Здружение Конект), Ѓoрѓи Маџаров (МАСИТ), Бардил Јашари (Фондација Метаморфозис), Ангел Џеков и Петар Фидановски (MИОА), Светлана Кордумова (Пиксајл), Христијан Ѓорески (ФЕИТ), Петре Ламески (ФИНКИ), Андреј Дамески и Филип Петровски (Дата Мастерс).