Бесплатни обуки за 1000 млади луѓе за вештачка интелигенција

1000 средношколци од 17 и млади до 29 години ќе имаат можност да учат како да ја применат вештачката интелигенција во секојдневното живеење и работење. Станува збор за соработка помеѓу Фонд за иновации и технолошки развој и Семос Едукација.

Онлајн обуките ќе се одржуваат на 20 и 21 мај 2021 година, со шестчасовни предавања дневно. Учесниците ќе имаат можност да полагаат и да се сертифицираат со светски признаена диплома.

„Примената на вештачката интелигенција е клучна за дигитална трансформација на екосистемот и токму поради тоа, заедно со Владата веќе работиме на формирање на работна група за креирање на Национална стратегија за вештачка интелигенција. Но не застануваме тука“, рече Костра Петров, директор на ФИТР.

„Вештачката интелигиенција е технологија на иднината која што ќе биде вклучена во многу професии кои денес постојат, но и кои сеуште не се измислени. Многу важно е да сфатиме дека веќе долго вештачката интелигенција не е наменета само за IT индустријата“, се надоврза Валентина Тасева, директор на Семос Едукација.

Сите заинтересирани за посетување на бесплатните обуки ќе можат да се пријават до 18 мај до 18 часот на официјалниот сајт http://obuki.ai.semosedu.com/