Почина Рафаела Кара, италијанската шоу икона

Рафаела Кара, поп пеачката и глумицата коа претставуваше шоу икона во Италија и пошироко, се борела со тешка болест, пренесува „Гардијан“. Таа починала на 78 годишна возраст.

Веста за нејзината смрт ја споделил долгогодишниот партнер Сергио Хапино.

„Рафаела не напушти. Отиде во подобар свет, каде нејзината хуманост, смеа и невообичаен талент засекогаш ќе светат“, напишал тој.

Кара е најпозната по нејзиниот хит кој се искачи на пританската топ листа – „Do It, Do It Again“ или „A far l’amore comincia tu“, кој го освои деветото место на топ листата каде што се задржа 12 недели. Освен интернационален, таа имала уште поголем успех и кариера во Италија, каде била опишана како личност која е попопуларна од претседателот Пертини, повредна од најскапиот фудбалер Мишел Платини и повчудоневидувачка од Падре Пио.

Родена во Болоња во 1943 година, Кара студирала танц, а прв пат имала актерска улога во „пеплум“ жанрот препознатлив за италијанската кинематографија. Таа подоцна се преселила во САД и глумела спроти Френк Синатра во „Von Ryan’s Express“ (1965). Таа потоа се вратила во Италија и станала водителка на национално забавно шоу, каде неретко пеела и танцувала.

Нејзините костуми и кореографии биле прогласени за непристојни во времето кога таа создавала, па Кара неретко била цензурирана.

Во Европа, таа е позната како геј икона, но и феминистка – нејзиниот најголем хит „A far l’amore comincia tu“ ги охрабрува жените за ја преземат контролата за време на сексот.

„Мислам дека Рефаела Кара направи повеќе за женската слобода отколку бројни феминистки“, изјавил Франческо Везоли, кустос на изложба посветена на италијанската телевизија за време на 1970 години, која била изложена во „Фондазионе Прада“ во 2017 година.