Почина македонската актерка Јулијана Стефанова

Почина македонската актерка Јулијана Стефанова, соопшти вчера Народниот театар – Битола преку нивната Фејсбук страница.

„Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. Нејзиниот актерски хабитус беше мек и топол, специфичен по тоа со каква леснотија ги правеше работите на сцената. А зад сцената беше уште потопла и голем другар. Ќе ни недостигаш бескрајно и ќе те паметиме само по убаво! Патувај мирно!“, напишаа од Народен театар Битола.

Стефанова, која целиот работен век го посвети на битолскиот народен театар, почина на 61-годишна возраст.