Почина македонскиот актер Митко Апостоловски

Почина актерот Митко С. Апостоловски, соопшти денеска Народниот театар – Битола на нивната Фејсбук страница.

„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот почитуван колега“, пишува во објавата на Народниот театар – Битола.

Апостоловски е роден на 7 март 1955 година во Битола. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, отсек за драмски глумци, а работел во Народниот театар во Битола и Народниот театар во Куманово. Апостоловски е познат по бројни телевизиски проекти и улоги во театар, а има глумено и во многубројни филмови.