Почина човекот кој стои зад мемето „Шпанецот што се смее“

Шпанскиот комичар Хуан Хоја Борја, чија заразна смеа му донесе светска слава, почина на 65-годишна возраст, пренесува „Би-Би-Си“.

Познат како „Ел Риситас“, што значи кикотење, комичарот стана познат во интернет просторот како „Шпанецот што се смее“.

По појавувањето на национална телевизија, Борја стана вирален во 2014 година кога луѓето почнаа да синхронизираат титли на видео каде тој се смее, раскажувајќи приказна.

Според локалните медиуми тој починал во болница во текот на вчерашниот ден.

Од минатата година тој се соочуваше со здравствени проблеми. Во март пак, тој им се заблагодари на своите обожаватели за тоа што организираа кампања за собирање средства, со цел да му купат електричен скутер, откако му беше ампутирана едната нога.