Твитер падна за илјадници корисници на глобално ниво

Твитер накратко беше недостапен за илјадници корисници ширум светот, а ова е прв ваков прекин од февруари, според веб-страницата „Downdetector“, јавува „Евроњуз“.

Повеќе од 27.000 луѓе пријавиле проблем со Твитер во САД. Луѓе во други земји, вклучително и Обединетото Кралство, Мексико, Бразил и Италија, исто така пријавија дека Твитер не работи.

На корисниците кои се обидоа да пристапат до платформата, им се прикажуваше порака „Твитовите не се вчитуваат во моментов. Обиди се повторно“. Засега не е јасно што го предизвикало прекинот.

Прекинот доаѓа неколку дена откако Твитер го тужеше извршниот директор на Тесла, Илон Маск, за прекршување на неговиот договор за купување на компанијата.