Победниците на Alt Ctrl Game Jam, интернационален натпревар организиран од македонски ентузијасти

По разгледувањето на игрите и алтернативните контролери на Alt Ctrl Game Jam, прогласени се и победниците на овој интернационален настан, започнат од македонски ентузијасти,пишува it.com.mk.

Победниците на Alt Ctrl Game Jam, интернационален натпревар организиран од македонски ентузијасти

Настанот имаше за цел да ги мотивира развивачите на игри да размислуваат „outside of the box“, и да бидат креативни во креирање на алтернативни контролери. Ако се суди по победниците, целта на натпреварот беше остварена! Alt Ctrl Game Jam е организиран од Кристијан Трајковски, Мартин Пупков, Дајана Димовска и Џон Полсон, а се одржа во Скопје, Копенхаген, Архус, Берлин, Монтреал, Лондон, Мелбурн и Куртиба во период од неколку недели.

Како за прв ваков настан, задоволен сум од одзивот кој го добивме за настанот, како од учесниците, така и од спонзорите кои не поддржаа. Игрите кои се креирани на настанот се креативни и оригинални и задоволен сум од изборот на победниците“, вели Кристијан Трајковски, еден од организаторите на Alt Ctrl Game Jam.

Победник на натпреварот е играта The Winds of Venus, создадена од Робин Баумгартен, Петрл Аутио, Карлес Салас и Даглас Пенант, која освен наградата за најдобра игра, ја освои и наградата за најдобар алтернативен контролер. The Winds of Venus е игра во која играчите ја истражуваат планетата со помош на мал цепелин. Контролерот е направен од часовник кој наликува на радио кое се користи во старите авиони. Tимот го расклопи извади некои делови, додаде нови и направи уникатен контролер за својата игра.

За најдобра игра е прогласена Galaxy Glitch на македонските развивачи Кристијан Трајковски, Мартин Пупков, Марко Зарев, Димитриј Мијоски и Тоше Николов. Ирачите управуваат со авион во универзум кој наликува на Tron, обидувајќи се да ги соберат фрагментите кои ќе им помогнат да го спасат универзумот.

Погледнете видеа и прочитајте за другите победници на Alt Ctrl Game Jam, на it.com.mk.