Коста Петров е најчитан македонски автор за 2017 година

Коста Петров е најчитан македонски автор за 2017 година, покажаа резултатите добиени од системот COBISS, за најпозајмуван автор во сите централни библиотеки и подрачни единици на библиотеката, во мрежата на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.

Коста Петров е еден од најпродаваните македонски автори. Неговите три книги:„Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Нашето последно кафе“ се продадени во над 20.000 примероци за помалку од три години.

Наградата Петров ќе ја добие во рамките на манифестацијата „Најчитан македонски автор за 2017 година“ која ќе се одржи утре во Градската библиотека „Брака Миладиновци“. Притоа ќе бидат доделени и благодарници на институции и поединци за успешна соработка во 2017 година.