Петти Скопски цветен фестивал во Градски парк

Петтиот Скопски Цветен Фестивал ќе се одржи на 12 и 13 мај во Градскиот парк со почеток во 11 часот под мотото „Во боите на виножитото“.

Во Цветното дефиле на фестивалот, кое оваа година ќе започне од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, ќе учествуваат деца од детските градинки и основните учулишта.

Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП„Паркови и зеленило“ – Скопје, и сите граѓани ќе имаат можност да уживаат во колоритот на цвеќињата и цветните аранжмани.

„Оваа година го славиме нашиот прв јубилеј, каде љубителите на цвеќето, природата, професионалци во дејноста, уметници, деца и ученици ќе ја изразат својата креативност и ќе другаруваат“, посочуваат од „Паркови и зеленило“.