Пет милиони американци го изгубија здравственото осигурување

Околу 5.4 милиони американци го изгубиле своето здравствено осигурување за овие неколку месеци, откако годинава се случија масовни отпуштања поради пандемијата од коронавирусот.

Дел од американските граѓани останаа без осигурување помеѓу февруари и март, што е досегашен рекорд според истражувањето на невладината „Фемилис САД“, која ги обработила податоците индивидуално за секоја држава во САД, фокусирајќи се на влијанието од Ковид-19 врз работниците до 65 години.

Истовремено, најмалку 22 милиони американци ја изгубија работата или го напуштиле своето работно место. Според Институтот за здравствени политики, јавната здравствена криза оневозможила здравствени планови за преку 16 милиони американци и нивните семејства.

„Креирачите на политики знаат дека милиони луѓе го губат здравственото осигурување кое им следува како вработени. Но, тие не знаат колку многу луѓе се неосигурани и колку од нив го користат здравственото осигурување на нивните партнери, користат Медикеид или се индивидуално осигурени. Креирачите на политики треба да знаат за големата бројка на изгубени покриени давачки додека одлучуваат како наредниот предлог закон ќе го рестартира осигурувањето и ќе одржи одговорен здравствен систем“, истакнале од невладината.

Истражувањето покажало дека во ваквиот скок на бројката на неосигурани американски граѓани треба да се додадат и 84 милиони луѓе кои не се осигурени, или пак нивното осигурување покрива мал дел од давачките. Токму ваквата група на граѓани се зголемила за 39% за разлика од изминатите години, што е поголем скок од рецесијата помеѓу 2008 и 2009 кога скоро 4 милиони млади америкаци го изгубиле своето здравствено осигурување.

Скоро половина од здравствено неосигураните граѓани живеат во 5 држави во САД и тоа Калифорнија, Флорида, Њујорк, Северна Каролина и Тексас.

Дефинитивните податоци за изгубното здравствено осигурување нема да се достапни до 2021, кога Владата на САД ги презентира ваквите бројки од претходната година.

Истражувањето на „Фемилис Америка“ доаѓа во време кога бројките на новозаболени од коронавирус секојдневно се зголемуваат рушејќи ги претходните „црни“ рекорди.

Извор: Independent