Пет бендови за шесттиот фестивал „Востание“  

„Diehard Records & Booking“ на 19 март од 19 часот во Младинскиот културен центар ќе го организираат шестото издание на фестивалот „Востание“. Воедно, преку настанот „Diehard Records & Booking“ одбележува и своевиден јубилеј од 10 години постоење.

За фестивалот се најавени пет бендови – „Хардфејсд“, „Новиот почеток“, „Искра“, „Гаргојлс“ и „Конспираси“.

Организаторите информираат дека поради пандемијата влезниците оваа година се во строго ограничен број (50% од просторните капацитети на МКЦ). Билетите можат да се набават по цена од 350 денари преку bileti.mkc.mk (на врата 400 ден).

„Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во затворен простор. За влез на ВОСТАНИЕ ви треба сертификат/потврда за извршена вакцинација против Covid-19“, се вели во најавата за настанот.