Отворено предавање за млади „Зошто ни треба медиумска писменост?“

На 27 ноември, со почеток во 13:00 часот преку платформата за видео-комуникација ZOOM ќе се одржи отворено предавање за млади на тема „Зошто ни треба медиумска писменост“ на кое предавач ќе биде  новинарот Огнен Јанески, кој е и ментор на Новинарскиот клуб при Радио МОФ.

На предавањето кое го организираат МОФ и Радио МОФ, младите ќе имаат можност да дознаат што е тоа медиумска писменост, кому му треба и зошто е важна. Притоа, присутните ќе слушнат како најлесно може да ги препознаат дезинформациите во медиумите и на социјалните мрежи, како да се однесуваат и да направат проверка кога се сомневаат во некоја информација, но и како да стигнат до информации од релевантните медиуми.

Предавањето е бесплатно и достапно за сите млади заинтересирани за оваа тема, кои сакаат да дознаат повеќе за медиумската писменост и да им биде одговорено на сите прашања кои ги имаат на оваа тема. Вклучувањето е едноставно, со клик на овој ЛИНК.

Предавањето кое го организираат МОФ и Радио МОФ се одржува во рамки на „Деновите на медиумска писменост“.