Отворена самостојната изложба „Најцрната црна“ на Мице Јанкуловски во Њујорк

Во 18 часот по локално време, синоќа во галеријата „Артифакт“ во Њујорк беше отворена самостојната изложба на слики „Најцрната црна“ на Мице Јанкуловски. Куратор на изложбата беше Емил Алексиев, додека галерист Мартин Бернштајн.

„На изложбата беа претставени слики од најновата продукција на уметникот кој слика со најцрната боја – карбон, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски се претстави пред публиката во Њујорк со извонренда поставка од слики со геометриска апстракција од карбон на платно и акрил на платно“, велат организаторите.

Оваа е првата од двете изложби на уметникот во декември 2022 во Њујорк. Следната изложба ќе се одржи во Галерија МЦ на 15 декември 2022.