Отворен повик за апстракти за Седмата студентска филолошка конференција „Како си ми“

„Како си ми“ отвора повик за апстракти за Седмата студентска филолошка конференција. Рокот за пријавување е до 6 јуни 2021 година, а апстрактот треба да е поднесен на македонски јазик.

Конференцијата е закажана за 25 септември 2021 година, а ќе се одвива на онлајн платформата „Зум“.

За излагање на конференцијата можат да се пријават студент(к)и на прв или втор циклус студии на кој било факултет и универзитет во С. Македонија и во странство, како и веќе дипломирани студент(к)и во тековната 2020/2021 студиска година, но и странски студентки, информираат од „Како си ми“.

Форматот на излагањето може да биде поединечен или во група, со траење до 10 минути, со или без „Powerpoint“ презентација.

Излагачите може да зборуваат на теми од филологијата, лингвистиката, книжевноста, културата, методиката, филозофијата, преведувањето и толкувањето, како и споредбени, интермедијални и интердисциплинарни теми.

За да се пријавите на седмата студентска филолошка конференција потребно е да испратите лични податоци, односно  име, презиме, циклус и година на студии, катедра, факултет, универзитет, мејл, адреса за контакт, тема на излагање, јазик на излагање и апстракт од 150 до 200 зборови на kakosimi.flf@gmail.com во прикачен „Word“ документ.

„Како си ми“ е првата студентска конференција за македонски јазик, книжевност и култура, која се одржа на 30 мај 2015 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.