Осма студентска филолошка конференција „Како си ми?“

Студентската филолошка конференција „Како си ми“, која има за цел има за цел да ги собере на едно место проучувачите на филологијата, оваа година по осми пат ќе се одржи во Салата за седници при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Во сабота, 7 мај, студентите ќе можат да ги изложат своите истражувања од сферите на лингвистиката, книжевноста, културата и уметноста, преведувањето и толкувањето, методиката и дидактиката, како и интермедијалните и интердисциплинарните релации во кои стапува филологијата.

Преку дијалог се актуелизираат традиционални и современи теориско-методолошки пристапи и се аплицираат врз различни филолошки прашања.

Конференцијата ќе биде отворена од професорките Анета Дучевска и Калина Малеска, кои ќе го промовираат шестиот „Како си ми“ зборник.

Целата програма на конференцијата е достапна тука.

По завршувањето на конференцијата ќе бидат доделени потврди за учество, а учесниците и публиката се поканети на неформална дружба во кафе-книжарницата „Буква“.