Отворен конкурс за деветтиот фестивал на гифови „Gifest 9“

Младинскиот културен центар пренесува дека отворен е конкурсот за регионалниот фестивал за гифови „Gifest 9“.

Гиф-автор(к)ите и креативците од областа на уметноста, своите дела за учество може да ги испратат на gifest.subotica@gmail.com, до 28 мај.

Според условите, анимираниот гиф треба да се состои од најмалку два фрејма, а гифот не е содржински ограничен во поглед на темата и формата. Дозволени се апстрактни, но и ангажирани гифови.
Секој автор може да испрати максимум пет сопствени гифови.

„Учеството на фестивалот е бесплатно и отворено за сите. Пријавените трудови мора да бидат авторски дела на испраќачот“,  објаснуваат од Младински културен центар.

Потребни податоци покрај гиф-делата се име на гифот, како и име, презиме и контакт за авторот.