Факултетот за драмски уметности во четврток (1 јуни) организира отворен час и дебата со македонскиот режисер Милчо Манчевски, со почеток од 19 часот.
Сите заинтересирани студенти, ентузијасти и љубители на филмот се поканети на оваа вечер која има за цел искуствата и знаењата на Манчевски како режисер, но и како професор во режија во САД да ги пренесе на младите кои се занимаваат со филм.
Покрај дискусија, ќе има и проекција на кратки инсерти од филмовите на Манчевски преку кои тој низ примери ќе го изрази својот филмски израз.