Откриена е најстарата шума во светот, велат научници

Научници ја открија најстарата фосилизирана шума на светот во карпи на брегот на Југозападна Англија, пишува „Би-Би-Си“.

Шумата се наоѓа во високи карпи од песочник во близина на англискиот град Минехед, Сомерсет, блиску до кампот за одмор во Батлин.

Истражувачите од Универзитетите Кембриџ и Кардиф велат декасе работи за најстарите фосилизирани дрва некогаш откриени во Британија и најстарата позната шума на Земјата.

Дрвајта познати под името Каламофитон личат на плами. Тие се опишани како еден вид на „прототип“ на денешните дрвја. Најголемите се високи меѓу 2 и 4 метри.

Истражувачите ги идентификуваа фосилите на растенијата и нивните остатоци како фосилизирани трупци и траги од корени.

Наодите укажуваат на тоа како раните дрвја помогнале во обликувањето на пејзажите и ги стабилизирале речните брегови пред стотици милиони години.

„Кога првпат ги видов фотографиите од стеблата на дрвјата, и врз основа на 30 години проучување на овој вид дрвја ширум светот, можев да препознаам што претставуваат тие. Беше неверојатно да се видат толку блиску до дома, но најголемото откритие е да се видат овие дрвја за првпат на местата каде што растеле“, изјави ко-авторот на студијата д-р. Кристофер Бери.

Истражувачите велат дека фосилната шума е околу 4 милиони години постара од таа во државата Њујорк за која досега се веруваше дека го држи рекордот за најстара шума на светот.