Осма поетска епизода во „Буква“

Последното издание на „Поетска епизода“ за оваа година ќе се одржи на 28 декември, а организаторите ветуваат накитена елка, поезија, пијачка и журка во „Буква“.

Со почеток во 21 часот, присутните ќе може да ги слушнат стиховите на четворица поети и поетеси –  Николина Андова Шопова, Драган Атанасов, Викторија Ангеловска и Емануела Ковачевска Китановска, а организаторите истакнуваат дека подготвуваат и изненадување.

Осмата поетска епизода ќе ја модерираат Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски.