Оригинален Епл компјутер продаден на аукција за 400.000 долари

Оригинален Епл компјутер направен од косопствениците на компанијата Стив Возниак и Стив Џобс во 1976 година беше продаден за 400.000 долари на аукција во САД.

Реткиот Епл-1 направен од хавајско коа дрво, кој се` уште функционира е само еден од 200-те примероци кои биле направени и продадени.

Од аукциската куќа „Џон Моран“ во Калифорнија велат дека компјутерот имал само два сопственици -, универзитетски професор и негов студент, на кој му ја продал машината за 650 долари.

Во продажбата биле вклучени и кориснички упатства и софтвер од Епл ставен на две касети.

„Ова е како светиот грал за старомодните колекционери на електроника и компјутерска технологија. Тоа е навистина возбудливо за голем број луѓе“, објаснува Кори Коен, експерт за Епл-1 компјутери.

Џобс, Возниак и Роналд Вејн го основале Епл на 1 април 1976 година во гаража во Калифорнија. За да најдат финансии за производство на Епл-1, Џобс го продал своето Фолксваген комбе, а Возниак неговиот ХП-65 калкулатор за 500 долари.

Овие компјутер бил продаван за 666,66 долари, веројатно поради тоа што Возниак сакал бројки кои се повторуваат. Се верува дека околу 20 вакви машини во светот и понатаму функционираат.