Првиот број на Супермен продаден за рекордни 3,25 милиони долари

Првиот број на стрипот Супермен, објавен во јуни 1938 година, продаден е за 3,25 милиони долари што е најголема сума платена за стрип во историјата.

Ова издание, кое на времето чинело само 10 центи, е испечатено во повеќе стотици илјади примероци, но се смета дека денеска од него останати се само околу 100 примероци.

„Продадениот стрип бил пронајден помеѓу купишта филмски списанија од триесетите години на минатиот век и бил одлично сочуван“, вели еден од сопствениците на аукцискиот сајт „Комик Конект“, Винсент Зурзоло, пренесува Би-Би-Си.

Во стрипот е објаснето како Супермен доаѓа на Земјата од друга планета и станува Кларк Кент. Со тоа, според Зурзоло, започнува жанрот на суперхероите, посочил Зурзоло.

Продавачот на стрипот заработил околу милион долари, со оглед на тоа што пред три години го купил изданието за 2,25 милиони долари.

Највисока цела досега за еден стрип беше продажбата на првиот број на Супермен во 2014 година, кој на сајтот „И Беј“ беше продаден за 3,2 милиони долари.