Општина Центар: Во тек е Јавен повик за ангажирање лични асистенти на учениците со посебни образовни потреби

Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на општината за учебната 2022/2023 година.

Повторниот Јавен повик, од општината велат дека се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот циклус, а зголемен број на учесници со посебни образовни потреби кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата.

Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, во период од 4 месеци, почнувајќи од 15 февруари годинава до крајот на учебната 2022/2023 година.

Работните позиции препишани во овој Јавен повик се однесуваат на ангажирање на:

  • Лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености со преднос на кандидатите кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија);
  • кандидати кои имаат завршено образование од областа од одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа;
  • кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти; како и кандидати кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција.

„Општина Центар напоменува дека заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во проектот ‘Образование за сите’, треба да припаѓаат на една од следните целни групи: долгорочно невработени лица, над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години, млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот“, велат оттаму.

Барањата за учество во проектот „Образование за сите“ можат да се поднесат во архивата на општината, барака 6, а на следниов ЛИНК може да се прочита за потребните документи. Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена.